BATA
Во 1894 година Томас Бата заедно со братот Антонин и сестрата Ана ја основаат T&A BATA shoe company. Првата фабрика што ја отвара Томас се нарекува БАТОВКА, и со првите пари што ги заработува оди во Америка и Англија за да дознае се за нивните техники за изработка на чевли. Веднаш потоа се враќа во Чешка каде целосно го менува начинот на производство на чевли што резултира со големи успеси на компанијата.
До раните триесетти години од минатиот век се отвориле фабрики во Германија, Швајцарија, Холандија, Америка, Индија, Англија, Франција, Полска, Балканот, Средниот Исток. Воедно до овој период компанијата станува светски лидер за извоз на чевли.
Креативноста, иновацијата во производството како и истражувањето за поголемо ниво на квалитет се главни причини за успехот на компанијата.
BATA чевлите се синоним за секојдневни чевли кои даваат најдобар квалитет за поволна цена!
Мотото на Томас Бата било и останало до ден денес: Нашиот купувач е наш господар!
Контакт: +38972 228 378
E-mail: bata@fashiongroup.com.mk
Линкови:
Локација
