За нас

Информации за ТЦ Соравија

Престижен објект на Соравиа

СОРАВИА ЦЕНТАР СКОПЈЕ е дело на австриската "Soravia group". Имајќи повеќе од 100 години успешна деловна историја,"Soravia group" е во моментов еден од најголемите креатори на нови содржини на пазарот на недвижнини во областа на Централна и Источна Европа. Долгогодишното искуство,најсовремената технологија и способноста да им се излезе во пресрет на барањата на клиентите, се основа за високиот стандард на објектите на "Soravia group". Почитувана од водечките фирми во меѓународниот деловен свет "Soravia group" има клиенти како што се Hilton Hotel, Lafarge, Price Waterhouse Coopers, SAP, Uni Credito, Esprit New Yorker и многу други.

Најсофистицираниот деловен и трговски објект во Скопје

Препознатлив архитектонски дизајн, врвна локација и конструкција со најдобар квалитет – сето ова понудено од искусен и доверлив партнер.

Повеќе од 8.000 м2 деловен простор со највисок квалитет како и 4.000 м2 трговски простор од прва категорија поврзани со веќе постоечкиот престижен трговски центар поставуваат нови стандарди за целисходна и пријатна атмосфера во главниот град на Македонија, зацртувајќи ги и стандардите на иднината.

Вистинска "А" класа

× Приближно 13.000 м2 простор за изнајмување и / или купување
× Приближно 100 подземни места за паркирање
× Лифтови со голема брзина
× Независно снабдување со електрична
× енергија со генератор
× Климатизација со фенкојлери
× Систем за вентилација
× Високо квалитетно осветлување
× Ефикасна и индивидуална заштита од сонце
× Високо квалитетни материјали
× Флексибилен деловен простор за изнајмување
× 24 – часовна служба за обезбедувањe
× Консиерж
× Климатизиран трговски центар
...и многу, многу повеќе