Локација
СОРАВИА ЦЕНТАР СКОПЈЕ е лоциран во самото срце на градот Скопје, помеѓу Holiday Inn Hotel, Собранието и Плоштадот Македонија; неговите дуќани лоцирани на најниско ниво се сплотени со Градскиот трговски центар, најголем и најуспешен трговски центар досега, што гарантира максимална фреквенција на клиенти. Убавиот кеј покрај реката Вардар со прекрасните кафулиња е директно поврзан со постоечкото трговско јадро, додека, паркот "Жена борец" директно се граничи со објектот, нудејќи волшебна слика од канцелариите. За Ваша максимална удобност, обезбедена е и подземна гаража во рамките на објектот.
