За нас

За Soravia Group

Општи информации

Soravia Group е холдинг компанија која работи во Централна и Југоисточна Европа, и се состои од три стратешки бизнис единици: развој на недвижнини, имоти и инвестиции. Спектарот на дејности се движи од проекти за недвижнини, медија компании, до хотели и проекти за туризам. И покрај различните области на работа, сите три единици имаат нешто заедничко: Постојан напредок во знаењата, и квалитет на постигнатото.

Историја

Во 1992 одлучивме да основаме сопствена компанија, Соравија Груп, со цел да ги искористиме сите искуства на прептриемачката традиција на нашите семејства, кои биле активни во областа на градежништвото и бизнисот со недвижнини уште од 1870 година. Клучен елемент беше одлуката да настапиме како пионери и ги откриеме единствените можности кои ги создаде отворањето на Источна Европа.

Визија

Ние постепено го шириме нашиот бизнис кон исток, и како резултат на тоа постигнавме географска разноликост на нашето присуство. Различните региони и проектите често бараат индивидуални решенија. Со цел на најдобар можен начин да одговориме на овие конкретни предизвици, ние соработуваме со локалните експерти, кои се совршено дополнување на нашата развојна експертиза. Учеството на персоналот овозможува постојано корпоративно размислување и активности на компанијата на сите полиња. На овој начин, ние, како компанија која се проширува, гарантираме максимум професионализам и доверба.

Линкови